Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска објави дека и одобрува заем од 65 милиони евра на Република Македонија за изградба на хидроцентралата Бошков мост. Средствата ќе му бидат одобрени на друштвото за производство на електрична енергија во државна сопственост АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Новата хидроцентрала Бошков мост, која ќе биде изградена во близина на градот Дебар во западниот дел од земјата, ќе биде со производствен капацитет од 70 MW. Изградбата на хидроцентралата ќе и овозможи на Репубика Македонија да го намали увозот на електрична енергија и ќе го намали интензитет на јаглерод диоксид во земјата, проценет на 95.000 тони јаглерод диоксид годишно. Изградбата на новата хидроцентрала е значаен проект за Македонија, со кој ќе се зголеми нивото на безбедност и стабилноста на енергетскиот систем на земјата. ЕБОР со задоволство го поддржува овој важен проект, кој ќе биде развиен и изграден во согласност со најдобрите еколошки практики и ќе придонесе кон натамошните реформи во енергетски сектор.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска објави дека и одобрува заем од 65 милиони евра на Република Македонија за изградба на хидроцентралата Бошков мост.
Средствата ќе му бидат одобрени на друштвото за производство на електрична енергија во државна сопственост АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), се вели во соопштението на ЕБОР.
Новата хидроцентрала Бошков мост, која ќе биде изградена во близина на градот Дебар во западниот дел од земјата, ќе биде со производствен капацитет од 70 MW.
Изградбата на хидроцентралата ќе и овозможи на Репубика Македонија да го намали увозот на електрична енергија и ќе го намали интензитет на јаглерод диоксид во земјата, проценет на 95.000 тони јаглерод диоксид годишно.
„Изградбата на новата хидроцентрала е значаен проект за Македонија, со кој ќе се зголеми нивото на безбедност и стабилноста на енергетскиот систем на земјата. ЕБОР со задоволство го поддржува овој важен проект, кој ќе биде развиен и изграден во согласност со најдобрите еколошки практики и ќе придонесе кон натамошните реформи во енергетски сектор,“ изјави Нандита Паршад, Директор за енергија и енергетика во ЕБОР.
„Бошков мост е најголемата инвестиција од ваков тип во македонскиот енергетски сектор во последнава деценија. Владата и во иднина ќе продолжи со реализација на капитални проекти кои ќе придонесат кон подобрување на стопанската структура, зголемување на конкурентноста на националната економија, повисок економски раст и порамномерен економски развој“, истакна Зоран Ставрески, Вицепремиер и Министер за финансии.
„Проектот Бошков мост е вклучен во Националната стратегија за енергетски развој, како и во Националната стратегија за развој на обновливите енергетски ресурси, како хидро-енергетски проект планиран да го подобри количеството и структурата на произведената електрична енергија во Република Македонија. Реализацијата на овој проект ќе придонесе за остварување на критериумите зацртани од ЕУ според кои 20% од вкупното производство на електрична енергија во земјата треба да биде од обновливи енергетски извори до 2020 година", истакна Влатко ×ингоски, Генерален директор на АД ЕЛЕМ.
Заемот на ЕБОР е надополнет со 340.000 евра, грант од Специјалниот фонд на акционерите на Банката, за обезбедување техничка и еколошка длабинска анализа.